Минерали за деца

На децата им се потребни минерали и витамини за правилен раст и развој. Минералите што им се потребни на децата за да станат големи и силни се пред се калциум, железо, магнезиум, цинк, јод и селен. Калциумот е основна компонента на коските и забите. Колку повеќе коскена маса акумулираме во младоста, толку повеќе резерви ќе имаме за градење на коските во зрелоста. Железото е неопходно за растот и развојот на децата. Црвените крвни зрнца користат железо за транспорт на кислород од белите дробови до клетките. Тоа е исто така важно за развојот на когнитивните и менталните способности на децата. Јодот исто така игра важна улога во развојот, додека цинкот го зајакнува имунолошкиот систем, односно одбрамбените клетки кои го штитат организмот од штетните бактерии и вируси и е составен дел на преку 70 ензими во телото. Магнезиумот игра улога во метаболизмот на коскеното ткиво и е важен за нормалното функционирање на нервниот систем. Селенот е составен дел на коските и забите и е неопходен за нормално функционирање на мускулите.

Додатоци во исхраната не можат да ја заменат здравата исхрана, но можат да бидат од голема помош во случај на недостатоци на одредени хранливи материи.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ ЈА АКЦИЈАТА

Пријавете се за нашиот билтен и бидете во тек со најновите промоции и новости!


Софтверот за продавницата © Polleo Sport 2008 - 2024